Ѓоковиќ: Противникот играше на високо ниво

Седумкратниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ избори пласман во уште едно полуфинале откако доцна синоќа го совлада Феликс Оже-Алиасиме со 3-2 во сетови за 5 часа и 14 минути игра. Негов противник во полуфиналето ќе му биде ланскиот освојувач на Вимблдон Јаник Синер.
– Возбудливо е да се биде дел од епски меч. Мислам, не се сеќавам дека играв толку долго, можеби финалето на Роџер (Федерер) во 2019 година е блиску, но во однос на времето и должината. Искрено, Феликс исто така играше на навистина високо ниво и малку го намали своето ниво во тој супер тајбрејк, а јас ги искористив сите мои можности и ги одиграв вистинските удари и тоа беше доволно. Публиката беше на нозе, особено во последните 30 минути од мечот. Се бориме и со полицискиот час, неколку минути порано од 23 часот завршивме, изјави Ѓоковиќ.
Инаку Ѓоковиќ на новинарско прашање дека и тој и Лионел Меси играат на врвно ниво, иако имаат 39 години, кусо одговори „би било убаво да играме 90 минути како него.
Српскиот тенисер сега ќе има два дена можност да се рехабилитира особено што полуфиналето со Синер ќе го игра во петок.






