Османи: Сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот во Мароко

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази сочувство до семејствата на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Мароко, во кој загинаа над 600 луѓе.

„Шокиран сум од синоќешниот разорен земјотрес во Мароко со стотици жртви. Искрено сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на повредените“објави Османи на социјалната мрежа „Икс“.

Мароко е погодено од земјотрес со јачина од 6,8 степени.

Back to top button
Close