Јован Костадинов: Не бев сам. Херои во Кочани беа сите што помогнаа да се спасат што повеќе луѓе

Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале во спасувањето на повредените.

– На почетокот бев збунет, не знаев што се случува. Мислев дека е тепачка, но потоа кога почна да излегува густ црн чад, сфатив дека е пожар. Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа таму, раскажува Јован за МИА.

Вели дека таа вечер нема да ја заборави до крајот на животот и дека во тој момент не мислел на сопствениот живот, туку на тоа да спаси што повеќе луѓе.

– Беше полошо од хорор филм. Нема да ја заборавам таа вечер до крајот на мојот живот. Во тој момент не мислиш на ништо друго, не размислуваш на тоа дека можеш да го изгубиш сопствениот живот, само гледаш да помогнеш, тогаш не ја гледаш опасноста. Во тие моменти има голем адреналин кај сите и не размислуваш за сопствениот живот, вели младиот Јован, кој е матурант во училиштето „Ванчо Прќе“ во Виница

Back to top button
Close