Пазарна инспекција ја затвори дискотеката „Привилиџ“ пред која се случи убиството на ракометарот Денис Тот

Државниот пазарен инспекторат попладнево ја затвори дискотеката „Привилиџ“ во Градски парк при извршен инспекциски надзор, потврди директорката на инспекторатот, Анета Симеска, за „360 степени“.

„Причината за затворањето е непочитување на решението за привремена забрана за вршење дејност кое претходно му беше издадено поради немање на лиценца за ноќен клуб“,

објасни Симеска.

Минатата недела токму пред дискотеката „Привилиџ“ беше убиен 27-годишниот хрватски ракометар на „РК Бутел“, Денис Тот.

За неговото убиство се осомничена три лица, две се лишени од слобода, додека МВР порано денеска распиша меѓународна потерница за осомничениот Анџелко Ѓорѓиевски.

Back to top button
Close