Пендаровски: И реков на Меркел дека оставката на Заев е грешка

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не се согласува со најавата за повлекување на премиерот Зоран Заев, што тој им го предочил и на претставниците на меѓународната заедница.

-Германската канцеларка (Ангела Меркел) неколкупати ме праша за мотивите на оставката, дали вие мислите дека тоа беше вистински потег. Мојот одговор, тоа му го пренесов и на Заев по враќањето, реков се разбира дека не. Заради губење на една, две, три пет или десет општини, заради губење на локални избори, независно што сте ветувале претходно, ова е едно друго ниво во политиката. Вие водите држава, имате мандат од четири години, сосема легитимно добиен и не можете ни на половина од тој мандат да кажете, заради Скопје, заради Прилеп, Куманово итн. јас си заминувам – рече Пендаровски на ТВ 21.

Воедно, тој посочи дека и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, двапати му го постави истото прашање – што мисли за повлекувањето на Заев?

-Саат, саат и половина, бидејќи бевме во една од тие претпростории во кои се подготвувавме за сесиите, и постојано ме прашуваше, зошто? Му реков: Не е лошо да се слушнеш со Заев директно да ти објасни, така што изненадувањето беше големо од страна на меѓународната заедница, бидејќи знаете дека изминативе неколку години, Заев беше прилично позитивен пример – посочи Пендаровски.

Back to top button
Close