Петти или 15-ти јули: Десет дена ги делат власта и опозицијата

По синоќешната воздржност, се очекува партиските врвови денеска да се осврнат околу извесноста на изборите на 5-ти јули.

   

За десет дена, наводно, е разликуваат позициите на владејачките СДСМ и ДУИ, во однос на ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за датумот на предвремените парламентарни избори. Според неофицијални информации, во отворениот канал за комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ околу договор за изборниот датум (кој од неодамна престана да функционира), социјалдемократите претходно веќе направиле отстапки од ставот за избори на 21- ви јуни или 28-ми јуни, но не се согласиле тие да се одржат подоцна од 5-ти јули. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која сметаше дека е најсоодветно изборите да се одржат во август или во септември, според партиски извори, би прифатила избори во јули, но не пред 15-ти. Како причина се посочуваат растечкиот број на заразени од Ковид-19, деновите потребни таа состојба да се стави под контрола, деновите потребни на ДИК, но и временска рамка што треба да овозможи да стигнат набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР кои би ја мониторирале целата изборна кампања, а не само на изборниот ден.

 

Летото ја топи излезноста

Во партиите кои се залагаат за избори што поскоро, сметаат дека не е во ред да се создава слика дека едни се грижат за здравјето на граѓаните, а други не. Сметаат дека институциите добро се справуваат со епидемијата, дека не може земјата бесконечно да функционира во вонредна состојба, и дека токму заради битката со здравствените и економските предизвици, потребни се функционални институции, со полн мандат. Притоа, сметаат дека спроведувањето на избори што подоцна во јули, носи ризик од мала излезност, имајќи предвид дека на тоа ќе влијае очекуваното отворање на границите во регионот и туристичката сезона.

Засега нема официјална потврда дали сите овие дилеми му биле предочени на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, со оглед дека тој по вчерашниот разговор со Заев и Мицкоски на Твитер кусо напиша дека ја истакнал важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со Ковид -19 и за потребата од економско закрепнување.

Oliver Varhelyi

@OliverVarhelyi

Spoke to leaders of @SDSMakedonija @Zoran_Zaev and @VMRO_DPMNE @MickoskiHM tonight to stress the importance of free, fair, inclusive elections in , taking into account situation as well as the need to efficiently address economic recovery.

41 people are talking about this

Ако Владата не предложи продолжување на вонредната состојба, тогаш прекинатите избори рокови ќе продолжат да течат, и според законските рокови изборите треба да се одржат на 5-ти јули. Кон тоа води и Уредбата за дополнување на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, со која вчера Владата ги задолжи МВР и ДИК да ги продолжат подготовките за организирање на изборите, во пресрет на истекувањето на вонредната состојба. Какви било „ситни“ корекции во однос на шпекулациите за избори на 8-ми или 12-ти јули, би морале да бидат направени најдоцна до недела пред истекот на вонредната состојба, освен ако нема нејзино ново продолжување.

Бојкотот на никого не му носи успех

Поделеноста околу датумот ја потврди и Артан Груби од ДУИ , кој пред два дена во гостување на ТВ „24″ рече дека се надева оти сите партии ќе учествуваат на избори на 5-ти јули.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше 15-ти јули, а 5-ти јули е наше компромисно решение. Сметам дека сите ќе учествуваат на изборите затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори, кои се всушност признаени од институциите и се под мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР”, рече Груби.

Kommunalwahlen in Mazedonien (DW/P. Stojanovski)Ако Владата не предложи продолжување на вонредната состојба, прекинатите избори рокови ќе продолжат да течат

Притоа навести дека со уредба се можни промени на Изборниот законик, со што би можело процесот на безбедно гласање да се спроведе во текот на три дена: еден ден би гласале пензионерите, еден ден тие што се во изолација, а останатите третиот ден. Во врска со тоа дали опозицијата ќе учествува на изборите, Груби смета дека бојкотот не донел успех на ниту една политичка партија.

„Бојкотот не донел успех на ниту една политичка партија. За да има бојкот, треба да има силна причина. Не може да се натпреваруваме, не може ниту Мицкоски, Заев или Ахмети да се натпреварува кој повеќе се грижи за јавното здравје”, рече Груби.

За тоа дека неговата партија веќе се загрева за избори, сведочи и кампањата за премиер Албанец што ДУИ ја почна пред неколку дена, но таа не наиде на поддршка во кампусот на партиите на Албанците.

По синоќешната воздржност, се очекува партиските врвови денеска да се осврнат околу извесноста на изборите на 5-ти јули.

извор: ДВ

Back to top button
Close