Пијан возач излетал од патот во Охрид, завршил со тешки повреди

22-годишен возач од Охрид се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од патот на улицата „7 Ноември“ во Охрид.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена рано утрово.

„На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот“, велат од полицијата.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

При извршените проверки, полицијата утврдила дека возачот бил под дејство на алкохол.

„Било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

Back to top button
Close