По кој критериум е избран новиот шeф на ОЈО ГОКК. Тие кои го гласале да бидат разрешени
Професорката Мирјана Најчевска реагира што не се избираат вистински професионалци, односно бара да ги чуе критериумите врз основа на кои критериуми е избран новиот ЈО за гонење на организиран криминал. „И сметам дека сите ЈО кои гласале и го изгласале треба под итно да бидат разрешени со забрана за вршење должност“, додава.

– Кој фазон е ова со изјавиве дека треба некому да се даде шанса? На таа учителката по клавир која ја ставија во комисијата за заштита од дискриминација требаше да ѝ се даде шанса и на онаа најкорумпирана јавна обвинителка која ја поставија за специјален јавен обвиител и на министрите излезени од градинка и на градоначалничката-менаџерка и на пратениците кои немаат појма зошто се избрани во Собранието и на оној гревот кој го испративме како судија во Стразбург и на Мерко секој изборен циклус му даваме шанса да се свести и да престане да краде и сега на овој пулен на мафијата треба да му се даде шанса да се избори со криминалот. А за промена да почнеме да избираме професионалци со интелектуален и морален капацитет за кои ќе бидеме сигурни дека се соодветни за задачите и да и дадеме шанси на Македонија да стане цивилизирана држава? – напиша Најчевска на Фејсбук.






