По речиси 30 години почнува судењето за убиството на Тупак Шакур
Речиси три децении по убиството на легендарниот рапер Тупак Шакур, следната недела во Лас Вегас ќе започне судењето против Дуане „Кефи Ди“ Дејвис, обвинет за убиство од прв степен.

Изборот на поротата е закажан за 10 август, а судскиот процес се очекува да трае најмалку четири недели. Доколку биде прогласен за виновен, на Дејвис му се заканува доживотен затвор без можност за условно ослободување.
Обвинителството тврди дека токму Дејвис го организирал пукањето од автомобил во движење во септември 1996 година, во кое беше убиен Тупак Шакур.
Случајот со години остана нерешен, а обвинението против Дејвис беше поднесено дури во 2023 година, по што тој се изјасни дека не е виновен.
Судењето се смета за еден од најзначајните судски процеси поврзани со светот на музиката, бидејќи треба да стави крај на една од најпознатите нерасветлени ликвидации во историјата на хип-хопот






