Поскапува кафето

Какаото веќе одамна достигна ценовен врв, но и кафето постепено поскапува последниве години.

Намалувањето на производството на сурово зрнесто кафе во земји како Бразил и Колумбија, кои се едни од главните светски производители на кафе, доведе и до пораст на цените на глобално ниво. Дополнително сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина, уште повеќе ја влошија состојбата, и влијаеја негативно на цената на кафето.

Ценовните корекции се неминовна реакција, бидејќи поскапувањето е условено од голем број горенаведени фактори. Заклучокот е дека во иднина нè очекуваат повисоки цени на кафето во малопродажба.

Back to top button
Close