Пожар во хотел во ски-центар, има загинати: нова трагедија во Турција
Две лица загинаа, а две се повредени кога денеска избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти.
Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 лица.
Хотелот бил затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не билаобновена.
Пожарот е ставен под контрола и покрената е истрага, јави НТВ.
Во јануари најмалку 75 луѓе загинаа во пожар во хотелот Гранд во ски-центарот Карталкаја
Фото: UNN