Пратеникот Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ: Финансова полиција упадна во мојот дом и врши претрес

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утрово преку социјалните мрежи соопшти дека во неговиот дом влегла финансова полиција и прави претрес.

Упадот се случува на денот кога во Собранието е закажана седница за гласање недоверба на Владата, па Јаулески во објавата порачува и дека денеска режимот ќе заврши.

-Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција! -напиша Јаулески на Фејсбук.

Во изјава за Телма Јаулески додаде дека претресот се случувал во домот каде што живеат неговите родители.

-Утрово во домот каде што живеат моите родители во 05.20 дојде финансиска полиција со налог и изврши претрес за истражна постапка за фирмата каде што работи мојот татко. Ова го толкувам како последен обид на власта за заплашување пред денешното гласање недоверба во Собранието -кусо изјавил Јаулески во телефонски разговор за Телма.

 

 

Back to top button
Close