Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон примена во болница поради операција на абдомен


Принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам – Кејт Мидлтон, е примена во болница во Лондон поради, наводно, планирана операција на стомакот.

„Принцезата од Велс е во болница по успешната операција на абдоменот“, соопшти денеска Кенсингтонската палата.

Како што изјави нејзиниот портпарол, принцезата вчера била примена во болница на планирана операција, која што била успешно извршена и се очекува принцезата да остане во болница од десет до 14 дена.

Кејт Мидлтон, според советите на лекарите, најверојатно нема да може да ги извршува своите обврски до Велигден.

Во соопштението не се прецизира за каква операција се работи, а се нагласува дека принцезата инсистира нејзината здравствена состојба да остане нејзина приватна работа.

„Затоа, Палатата ќе дава информации за нејзиното закрепнување само во случаи кога има нешто важно да се објави“, се наведува во соопштението.

Во него се додава: „Принцезата од Велс би сакала да му се извини на сите што се загрижени за фактот дека мора да ги одложи своите претстојни ангажмани“.

Back to top button
Close