Променливо облачно, попладне на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне се очекува да има врнежи од дожд. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се наведува дека на повеќе места од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Вдолж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер. УВ-индексот ќе биде 7.

Утринската температура ќе биде од 13 до 21 Целзиусов степен, а во текот на денот ќе се движи од 26 до 37 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе биде од 21 до 34 степени.

За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и грмежи кои попладне ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Скопје утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за појава на пороен дожд проследен со грмежи, а повремено ќе дува засилен северен ветер.

Температурата утре ќе се движи во интервал од 24 до 34 степени

Back to top button
Close