Промоција на книгата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology”
19.05.2026 14:41
491 Читање помалку од 1м
Во среда, на 20 мај со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology”, издадена од Routledge Books во Њујорк и Лондон во 2025 година.

Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период и нивните трансформации во услови на доцен капитализам. Посебно значајно е што антологијата посветува значително внимание на Македонија, преку текстови од Биљана Тануровска-Ќулавковски, Славчо Димитров, Бојан Иванов, Ивана Васева и Џон Блеквуд, кои ја анализираат историјата на уметноста и културната продукција од социјализмот до постсоцијалистичката сегашност.
На настанот ќе учествуваат дел од авторите и уредниците на изданието, во разговор кој ќе отвори прашања за значењето на поимите како хонтологија, квирност и неврзаност во денешните дебати околу југословенското минато, современата уметност и политиките на сеќавање.
Настанот е отворен за сите заинтересирани.





