Рецепт: Чоколаден колач со вкус на ментол

Празничен десерт со интересна новогодишна декорација …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
120 г масло
1 лажица масло
100 г шеќер
50 г кафеав шеќер
2 јајца
1 лажиче екстракт од ванила
1 прстофат сол
60 г брашно
какао во прав

за зелениот слој:
50 г путер
120 г шеќер во прав
1/2 лажица вода
1/4 лажиче арома на ментол
зелена прехрамбена боја

за чоколадниот прелив:
100 г темно чоколадо со ментол
путер

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 175 целзиусови степени. Намастете ја со путер тавата (20 х 30 см) во која ќе го печете колачот.

– Во сад на рингла растопете го путерот и оставете да се излади и потоа убаво измешајте го со маслото и шеќерот. Додадете ги јајцата и екстрактот од ванила и мешајте неколку минуди да добиете хомогена смеса.

– Во смесата додадете ги брашното, какаото во прав и прстофат сол. Полека измешајте да се спојат состојките.

– Смесата истурете ја во намастената тава и ставете да се пече 20 минути во загреана рерна на 175 степени. Оставете да се излади на собна температура.

– Додека се пече тестото, сите состојки за зелениот слој ставете ги во еден подлабок сад и убаво изматете со електричен миксер. Оваа смеса рамномерно нанесете ја над изладеното тесто и ставете го во фрижидер.

– Растопете го чоколадото со путерот и оставете да се излади со повремено мешање за да не се фати коричка.

– Изладениот чоколаден прелив премачкајте го над зелениот слој. Одозгора украсете по желба, за овие празници украсете со мали елкички и бели снегулки од марципан.

– Повторно вратете го колачот во фрижидер убаво да се стегне. Пред да го послужите исечете го на правоаголници.

Back to top button
Close