Рекордни 1.33 милиони луѓе се пријавија на Лондонскиот маратон 2027

Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, кој ќе се одржи на 25 април, со што е соборен претходниот рекорд поставен на овогодишното издание.
Како што соопштија денеска организаторите, аплицирале вкупно 1.338.544 луѓе од целиот свет, во споредба со 1.133.813 минатата година, што е зголемување од 18%.
„Овој неверојатен број на кандидати цврсто го утврдува Лондон како најбаран маратон во светот“, изјави извршниот директор на Лондон Маратон Ивентс, Хју Брашер,
Организаторите сè уште ја разгледуваат можноста трката да се одржи во текот на два дена, сабота и недела.
„Нашата мисија е да ги инспирираме луѓето од сите возрасти и способности да бидат активни, а овие исклучителни бројки ја демонстрираат огромната привлечност и моќ на Лондонскиот маратон“, додаде Брашер.
На Лондонскиот маратон 2026 победи Кениецот Себастијан Саве со време на нов светски рекорд, спуштајќи ја границата на помалку од два часа, додека Етиопјанката Тигст Асефа ја одбрани титулата на женскиот маратон, соборувајќи го сопствениот светски рекорд.






