СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

„Максо вели: „Погледнете во е-урбанизам“. Ние погледнавме. Нема ништо за кумовските односи. Нема договор како преку ноќ да се направат 350.000 евра.
Но еве, на Максо и на граѓаните јасно им објаснуваме: Драган Митевски, кум на Максим Димитриевски, преку ноќ купил земјиште од Максим и неговото семејство за 250.000 евра. Само неколку дена подоцна, истото земјиште го продал на Лидл за 600.000 евра.
Со нула инвестиција, заработил 350.000 евра чист профит. Потоа, ги овластил купувачите да спроведат постапка за промена на ДУП кај неговиот кум – градоначалникот Максим Димитриевски.
Вчера, со одлука на Советот, ова е целосно реализирано. Ова не е бизнис. Ова е класичен пример на корупција и злоупотреба на функција.
Максим Димитриевски, „антикорупционер“ познат по тендерите во Пошта, преку својот кум прави брзи и профитабилни трансакции, а потоа ја користи својата функција за да им обезбеди измена на урбанистичкиот план.
Ова е тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ во акција.
Граѓаните заслужуваат да знаат: Додека Мицкоски и Максим зборуваат за „борба против корупцијата“, нивните блиски прават стотици илјади евра преку ноќ со помош на јавната власт. ЗНАМ беше формиран и финансиран од Мицкоски – само еден сателит за растурање на опозицијата, создаден од лични интереси, кому сега му истече рокот на употреба“, се вели во дел од соопштението на СДСМ.






