СДСМ: После истрагата за медиуми, започна истрагата за 4iG-наскоро Мицкоски ќе мора да „одговори“ пред граѓаните

Додека во Унгарија започнува истрага за огромниот договор на Орбановата влада со компанијата 4iG (1,3 трилиони форинти), во Македонија Мицкоски и неговата криминална група продолжуваат да молчат, стои во соопштението на СДСМ.

Се сеќавате ли дека Мицкоски одеше туристички во Давос каде имаше само еден состанок?

Се сретна токму со претставниците на 4iG?

Имаше уште еден состонок, за мигранти, односно економски работници, но него не го пријави.

Се сеќавате ли дека 4iGкупија лиценца за четврт оператор на мобилна телефонија?

4iG имаше задача да обезбеди платформа за поврзување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија.

Сè што СДСМ го зборуваше со месеци сега излегува на виделина.

Мицкоски веќе призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата.

Гордана Сиљановска призна дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолвирани.

Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа.

Наскоро ќе признаат и дека малцинствата во Уставот се европско, а не бугарско прашање.

Наскоро ќе мораат пред правдата да признаат сè.

Додека ги чекаме тие признанија, испратете ги документите за екстрадиција на Груевски веднаш!

Ние за вас нема да мораме да ги испраќаме.

Нема да имате каде да бегате.

Сите ќе одговарате!

Вистината излегува на виделина.

Доаѓа времето на правдата и одговорноста.

Реформи сега. Европа сега.

 

Back to top button
Close