СÈ Е ОК

 

Повикување на свеста на граѓаните, што го прави министерот за здравство Венко Филипче, за да се ограничи ширењето на коронавирусот. Па и сликањето на трпезите, славите, скарите, мекиците… Исчудувањето на совесните, апелите на политичарите… Синким, ние до сега сме се покажале како многу совесни граѓани и солидарни, па власта ќе апелира допрва свеста да ни ја подига. Уште колку време имаме за подигање на свеста? Не се виновни граѓаните дека не се совесни. Виновна е државата дека не постои. И тоа од чисто политички причини. Сме имале несреќа среде пандемија да нѐ снајде и техничка влада. И во таа техничка влада да има министер за внатрешни работи од партија чија политичка платформа е саботирање на мерките на министерот за здравство. Зошто? За да може, додека здравствените работници умираат од работа, ВМРО-ДПМНЕ да кажува: „Не ви чинат мерките, Заев гази по лешеви“ и Христијан Мицкоски да паничи: „Ова е катастрофа“. Зошто? За да може да се пазари за избори. И што се испазарија? Наместо на 5 јули, ќе имаме избори на 15 јули. За десет дена одлагање имавме дводневна драмолетка. Те вонредна состојба, те правни толкувања, те експертизи, те ДИК не сака, те претседателот на ДИК не дига телефон, па толкување кој можел да свика седница на ДИК, па Талат да се јави, па ОБСЕ да се јави, па ВМРО бара здравствени протоколи наместо препораки , па Стево да се јави, па тој им вика договорете се, па ќе се јавам… За на крај, да се јави „некој“ и да ја прекине драмолетката за датум за изборите. Добро е што во целата несреќа со пандемијата и техничката влада, барем имаме среќа дека уште има некој да крене телефон. И да каже: „Датум мора да има. Кога веќе сме решиле и вас да ве има.“

Колумна на Горан Михајловски Сакам Да Кажам

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close