Се рестартира изградбата на болницата, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека државата обезбедила понуди од светски реномирани финансиски институции за финансирање на проектот за изградба на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип.

„Собравме од светски реномирани финансиски институции понуди за финансирање на проектот на Клиничката болница, Медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, така што следнава недела имам состанок со Министерката за финансии, потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да да почне да се движи, бидејќи има некој законски норми кои што мораше претходно да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде исто така ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти“, изјави Мицкоски, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close