Седлоски со проверени сили стартува против БиХ, Јанкулов дебитира


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен натпревар против Босна и Херцеговина меѓу кои единствен дебитант е десниот бек на Вардар, Георгије Јанкулов.

На голот ќе биде капитенот Столе Димитриевски, а во одбраната се стандардните Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Херера.

Средниот ред го сочинуваат Бобан Николов, Јани Атанасов и Елиф Елмас, додека во нападот ќе бидат Бојан Миовски и Елмин Растодер.

Натпреварот на стадионот „Асим Ферхатовиќ“ во Сараево започнува во 20:30 часот.

Back to top button
Close