„Шеќерни луѓе“ премиерно прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски синоќа премиерно беше прикажан во официјалната селекција на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс, САД.

Диневски е режисер и продуцент на филмот, но и коавтор на сценариото заедно со Владимир Јанковски. Монтажата е на Мишко Чунихин, директор на фотографија е Димо Попов, а музиката на Давор Јордановски.

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Филип Трајковиќ.

Back to top button
Close