Шекеринска: САД ќе бидат гласни во глобалната борба против корупцијата, а не само за Западен Балкан

Кога претседателот Џо Бајден во првите негови обраќања кон американската и светската јавност излезе и кажа дека за нив една од главните политики ќе биде глобалната борба против корупцијата, многумина мислеа дека тоа се политички коректни изјави. Но, сега се покажува дека не е така – вели Шекеринска

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во вечерашното интервју за „360 степени“ ги коментираше и актуелните одлуки на САД да водеде санкции кон Бугарија, но и извршната одлука на американскиот претседател Џо Бајден за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан.

„Првата порака што американската администрација ја испрати е дека се враќаат на темата на демократски вредности. Не само кога дискутираат со македонски или бугарски политичари, туку и кога дискутираат со првите луѓе на НАТО алијансата. Тие тогаш најавија и борба против корупцијата. И кај нив и во НАТО документите доминантен е ставот дека држави кои нема да знаат да се носат со популизам, национализам и корупција, стануваат меко ткиво во НАТО алијансата за влијание од страна“,вели Шекеринска.

аа ја коментираше и одлуката на САД да воведе санкции кон правни и физички лица од Бугарија како предупредување дека нема да се толерира корупцијата. Шекеринска вели дека погрешно ќе биде ако се мисли дека одлуките на Бајден се толкуваат дека се однесуваат само на Западен Балкан, таа вели дека токму сакнции кон Бугаирја покажуваат дека оваа администрација на САД ќе биде гласна во глобалната борба против корупцијата.

„Она што се случи со одлуката за Бугарија беше помалку како гром од ведро небо. Имаше дискусии околу проблемот со корупција во Бугарија, имаше протести и таканатаму, но според моето сеќавање ова е најголема одлука со санкции која било кога САД ја направиле во еден ден. Шеесет и пет личности и правни лица се ставени на листата на санкции. Ова е навистина акција која одговора на зборовите на САД. Кога претседателот Џо Бајден во првите негови обраќања кон американската и светската јавност излезе и кажа дека за нив една од главните политики ќе биде глобалната борба против корупцијата, многумина мислеа дека тоа се политички коректни изјави. Но, ова покажува дека не е така. Сите ние ќе имаме американска администрација која на оваа тема ќе биде многу гласна и нема да ги става работите под тепих заради некои други геополитички аргументи“,рече Шекеринска.

Back to top button
Close