Шести ден се трага по 14-годишната Вања

Шести ден се трага по исчезнатата малолетничка, Вања од Скопје на која и се губи секаква трага од понеделникот наутро кога се упатила кон училиштето.

Вања излегла од дома утрото на 27-ми ноември во 07:27 минути од станот кој се наоѓа во Дебар Маало на улицата „Наум Наумовски – Борче“. Од таму се упатила до нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Во 11 часот нејзиното исчезнување го пријавил таткото во полициската станица „Беко“, односно Центар. Претходно мајката во 08:35 пријавила на полиција дека детето ѝ е исчезнато.

Во пребарувањето вклучени се стотици полицајци, граѓани, ловџии. По Вања трага и „Интерпол“.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера изјави дека за пронаоѓање на 14-годишното девојче досега пребарано е речното корито на Вардар, а во потрагата било вклучено и пребарување на подрумски простории, добиени се информации од околните цркви и манастири, прегледани се снимките од безбедносните камери, а за случајот извршени се разговори со голем број лицa.

Back to top button
Close