Штекли доби осум години затвор за трговија со дрога
Раде Трајковски Штекли денеска беше осуден на осум години затворска казна во скопскиот Кривичен затвор, за трговија со дрога.

Судскиот совет во Кривичниот суд во Скопје утврди дека Трајковски е виновен затоа што организирал група за трговија со наркотични средства – кокаин и марихуана.
„Раде Трајковски судот го осудува на казна затвор од 8 години. Обвинетиот Стефан Китанов судот го осудува на затвор од пет години. Александар Бучевски го осудува на пет години, Стојан Миланов го осудува на казна затвор од 3 години и 10 месеци, обвинетиот Филип Таневски го осудува на пет години затвор“, рече судијата Илија Трпков.
Судијата посочи дека постапката се водела ефикасно и без одолговлекување.
„Оваа постапка започна пред девет месеци и имаше континуиран тек, со цел ефикасно завршување на притворскиот предмет“, рече судијата Илија Трпков






