Сликање за Фејсбук

Цел викенд нетрпеливо ќе чекаме дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе одлучи да ја прифати поканата на премиерот Димитар Ковачевски да оди на лидерска средба закажана за в понеделник, или нема да оди.
Ако оди, зошто ќе оди, ако не оди, зошто нема да оди. Кога вака ќе почне да се фемка, а медиумите со сета сериозност ќе му ги пренесуваат изјавите, ми текнува дека тоа е истиот Христијан Мицкоски кој пред една година сам се објави на Фејсбук како лежи гол на операциона маса со фластер на десната страна од вратот, а зад него беше медицинскиот тим што му извади масно ткиво баш истата ноќ кога во Собранието пропадна гласањето за недоверба на Владата.
Кога ќе ми текне на оваа слика, веднаш ме преплавува оптимизам за исходот на лидерската средба в понеделник. Каков лидер, таква лидерска средба.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.мк






