Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

– Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Back to top button
Close