Совет на Амбасадори најостро ја осудува руската воена агресија врз Украина

Совет на Амбасадори најостро ја осудува  руската воена агресија врз Украина koja наеднаш претставува закана и за регионалниот мир регионалната стабилност

Совет на Амбасадори ја повикува Русија да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и правото на украинскиот народ сам да одлучува за неговата иднина и за иднината на својата земја.

Советот му дава силна морална поддршка на украинскиот народ во неговата борба за слобода и независнсост и ги поздравува чекорите на Владата на Северна Македонија за приклучување кон мерките за воведување на санкции кон Русија која води невидена агресија после Втората светска војна кон една соседна миролубива земја.

Советот на Амбасадори, целосно се солидаризира со Украинскиот народ, смета дека признавањето на сеецесионистичките територии на Доњецк и Луганск представуваат грубо кршење на меѓународното јавно право и на Повелбата на Обединетите нации.

Војната инвазија на Русија во Украина  го загрози мирот во Европа и пошироко и таквата  воена интервенција за која целосна одговорност има Претседателот Путин и останатите лица и институции кои се солидаризираа со овој непримерен чин ке сносат и историска и морална одговорност за сите жртви и детсрукции.

Советот смета дека Р.Северна Македонија како членка на Алијансата, стратешки партнер со САД  и аспирант за членство во ЕУ, е пожелно јавно да ја искаже својата солидарност и единство со овие институции кои настојуваат да ги запрат воените дејствија и да се изнајде мировно решение на овој асимиетричен спор.

Советот им дава подржка и на македонските набљудувачи кои работата во рамките на ОБСЕ на терените на судирот како и на воената единица која е во состав на мировните сили на Алијансата.

 

П.С. Сметак дека првите две точки треба да одат подолу како трета и четврта точка

 

Back to top button
Close