Советот на обвинители за случајот со мазутот – Одговорност на обвинител се утврдува со докази, а не врз основа на политички изјави
Одговорност на обвинител се утврдува со факти и докази, а не врз основа на политички изјави или јавен притисок, велат за „Слободен печат“ од Советот на јавни обвинители за барањата на владејачката ВМРО – ДПМНЕ ова тело да реагира за запирањето на постапката за злоупотреби со мазутот и секојдневните обвинувања и прозивки за шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и обвинителката Катерина Коларевиќ која ја донесе одлуката да се запре истрагата со образложение дека нема докази.
-Јавнообвинителските одлуки во конкретни предмети се носат во согласност со Законот за кривичната постапка и за нив е предвидена соодветна процедура за правен лек. Советот на јавните обвинители постапува исклучиво во рамки на своите законски надлежности и не е орган кој може да влијае врз текот или исходот на конкретни истражни и обвинителски постапки. Согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за јавното обвинителство, Советот ја гарантира самостојноста на јавните обвинители и нема законска надлежност да дава насоки, наредби или да влијае во однос на одлуките што ги носат обвинителствата во конкретни предмети – велат од Советот на обвинители за слободен печат.
Оттаму додаваат дека Советот не може да коментира, ниту да прејудицира одлуки донесени во рамки на законски утврдени постапки од страна на надлежното јавно обвинителство.
Целиот текст ТУКА






