Срамовите на ОЈО за Гокк како опасна вест

Точната и навремена информација е опасна работа. Опасна во позитивна смисла.
За инфомацијата и за податокот многу се зборува во предавањата на нашиот факултет за безбедност. Кога кажуваме што се може да направи една точна и благовремена информација во сферата на безбедноста (во позитивна слисла), мораме да кажеме што се може да направи една дезинформација или полувистина (во негативна смисла) или пак „продадена информација за криминален интерес“
Жртви на второто и третото сме сите ние граѓаните – директно или индиректно. Ќарот од ова е во џебовите на оние кои менаџираат во “вистината”, односно со информациите и дезинформациите.

Ова е тактика на ПР-от во односите со јавноста, но и на „операции“ од друг тип
Медиумите се само една алка во тој систем кој во зависност од целта – дали се информира или се дезинформира.

Кога зборувам за антисистемот и извршителите на мафијата, тука сигурно дека вистината се чува под тепих и чека „усисувач“ или „добра домаќинка“ кои секогаш доаѓаат.

За да биде фатаморганата комплетна, а менаџирањето со вистината потврдено, вчера најавив дека ќе напишам зошто повторно бледо помина информацијата за вчерашното рочиште на која се разгледуваше и одлучуваше за мојата листа на докази на Суд. Точно е дека еден новинар беше присутен, но факт е дека сите медиуми објавија скоро иста „посна“ информација за исходот од рочиштето.





ЈАС (Фросина Ременски) НЕ ПРЕДЛАГАМ ДОКАЗИ ЗА ДА ПОБИВАМ ДОКАЗИ НА ОЈО ПРОТИВ МЕНЕ ВО СЛУЧАЈОТ – зошто ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ПРЕДЛАГА ДОКАЗИ ПРОТИВ МЕНЕ КОИ ЈАС МОЖАМ И ТРЕБА ДА ГИ ПОБИВАМ










Не знаеше од каде да почне да се противи. Се изненадив кога, сакајќи да изигрува „дрвен адвокат“ на СДСМ, прво што кажа е дека „се противи да се изведе “Програмата на Владата 2017-2020 и Изборната програма на СДСМ 2016 -План за живот“

Се насмеав
обидувајќи се да сфатам што, од кого и кого таа (навидум ) „брани/застапува“ со ова противење, но оставив да видам до каде ќе оди „противењето на доказите“



Таа фалсификаторка до денес е началничка во МВР.

Така амнестирана од обвинителството и од МВР за „корисниот фалсификат“ таа е екстра-подобна за „давање под рака“ на форензички копии од телефони, компјутери и што ли уште не од таму, така

Логично е дека , ако беше обвинета во Аферата АФИС-и немаше да можеше да „дава под рака“ и да глуми лудило на Суд, така



Впечатлив беше интересот на обвинителката „Како сум ги добила извештаите и службените белешки од претставката?“, точно наведувајќи дека „Јас тој извештај не сум го добила“.
Кажа дека таа документација била класифицирана. Судијата ја демантираше со тоа што кажа дека, дека документацијата не е класифицирана 








По одлучувањето Судот го прифати овој мој предлог. Останува да логицираме зошто ЈО Ивана Трајчева имаше потреба „да го брани СДСМ на Суд“ со противење да се изведе програма што ЈАС СУМ ЈА ПРОМОВИРАЛА во кампања И (ДЕЛ) СУМ ЈА ПИШУВАЛА; или, Кому тоа се додворува







Сите дописи и преписи, добиени одговори и известувања до денес докажуваат свесно и организирано кршење на Законот за внатрешни работи и Правилникот за работа на внатрешна контрола „за да фактите не добијат видело“.
Му кажав на Судот дека ,службените белешки се дел од Извештајот од внатрешна контрола и НЕ МОРА да ги прифати

Кажав дека, подобро ќе биде ЈО Ивана Трајчева на Судот да му каже „Зошто ОЈО не сака да се изведе овој доказ?“ и „Зошто извештајот никогаш не сум го добила“? Можеби затоа што е доказ да прикривањето на кривично дело



Ако заштитено лице како укажувач со пријава до надлежен орган со Вас сподели факти кои лично Ве засегаат, и е сведок предложен од Вас во кривичен предме во тект, тогаш тоа не е интерес за незаконитост, туку страв од фактите за ОЈО.
Но, ако некој кажува дека дал пари на рака без да плати данок на државата, тогаш тоа треба да е интерес на ОЈО


















Кажав дека, „вештото лице од МВР“ кое пред Суд призна дека не е вештак, при испрашување на мој технички советник (вештак-професор) кажа дека, „снимки гледале и без лозинка“- како (
), но не одговори на стручното прашање „зошто снимките добиле формат кој не дозволува да бидат читливи за нас“- зошто(
) Одговорот е јасен.









Ако по ова сумирам што е ефектот од рочиштето вчера, заклучувам дека тоа е уште еден пораз и делумно прикриен срам на ОЈО и сите помагатели во овој фатаморгана процес.
Фатаморганите обично се појавуваат во лето – на жешко, а се губат на студено -по дожд.
Оваа фатаморгана во операција за искривување на вистината и точните информации започна во летот 2019 година во некој ПР-подрум.
Со маки и блокади, веќе тешко се одржува ова лето – 2021, а ќе мора да исчезне на влажното и студено време што ќе дојде многу бргу.

ФБ статус на Фросина Ременски