Став за францускиот предлог: Вреди да се размисли

 

Ако изборот е дали да се прифати и да се продолжи по патот кон ЕУ (поплочен и со решавање на отворените прашања со Бугарија) или да се остане во западнобалканското блато и прегратката на Србија, мислам дека вреди сериозно да се размисли

Мојот пристап кон отворените прашања со соседите секогаш бил воден од стремежот да си ги средиме работите дома и да ја направиме нашата Македонија пристојно место за живеење, што (стана јасно во изминатите три децении) не е возможно без позитивниот притисок за трансформација што се надеваме дека ќе го донесат преговорите за членство во Европската Унија. Низ таа призма гледам на Преспанскиот договор, низ истата призма гледам и на отворените прашања со Бугарија, а од вчера и на францускиот предлог.

Со оглед на реакциите што ги предизвика предлогот, првата дилема што сакам да ја поставам е дали сега, кога не постои преговарачка рамка, а уште помалку „бугарски барања во неа“, Бугарија не ја блокира Северна Македонија? Дали ако бугарските барања формално не се дел од пристапниот процес на земјава, тие едноставно ќе исчезнат и нема да влијаат на него? Дали „принципиелните“ земји членки на ЕУ, на пример, Германија, ја премислија Бугарија или направија нешто јасно и видливо за таа да се чувствува посрамено и непријатно од тоа што го прави (а наводно и со нив се работеше многу, а и тие демек работеа многу)? Ако одговорот на сите овие прашања е очигледен, тој не може да се игнорира во анализата на францускиот предлог.

Понатаму, нели главната теза на пропонентите на решавањето на споровите со соседите во изминатиот период беше дека идентитетските одредници се најважни и дека ако тие се зачувани, со се друго може да се живее? Тоа е основата на договорот со Грција. Дали францускиот предлог го доведува во прашање идентитетот на етничките Македонци или на најчист можен начин го потврдува со јасното именување на македонскиот јазик во преговарачката рамка, која е суштински најважниот документ од целиот пакет што протече вчера?

целата колумна на Васко Попетревски на 360 мк

Back to top button
Close