Судската инсталација и нејзините прапочетоци

Добро, има ли барем некој судија доброволец да преземе одговороност за новиот скандал со случајот Таргет-Тврдина?!

Се разбира дека нема таков. Да не си го маеме паметот другарчиња.

А, таков нема, од причина што мрежата на фамилијата во судските органи беше ткаена години наназад и таа мрежа е сè уште активна. Како и во сите други органи. На сите нивоа на власта, впрочем. Инсталациите се актвини и денес. Сè уште си роварат по познатиот тертип. Таа мрежа што ја негуваме, под плаштот на пост-груевистичкото помирување – помирувањето не го разбра како гест на волја да се продолжи демократски напред, туку помирувањето го разбра како отворена можност да ни копа гробови и понатаму, се до додека не ги истребе демократските и прогресивни сили тука. Таа мрежа, почна да се плете уште во 2006 тата година, кога власта ја презема тогашниот режим. Значи, опстојува еве веќе долги години наназад, од кои особено мрачни беа оние кога се одвиваше масовоното прислушување, кое беше толку очигледно што “СМРДЕШЕ ВО ВОЗУХОТ”.

Трауматизирани, се сеќавеме сите каква параноична атмосфера беше тоа, во која повеќе од 26 000 лица беа предмет на илегален надозор, мегу кои и јас лично. Невиден скандал од меѓународни размери, невиден атак врз граѓаните – но, нивото на надзорот било толку ниско, толку глупо и аматерско, што доказите за ова освен што беа очигледни , тие се и несоборливи! Нема начин да се докаже спротивното!

Сепак, и покрај несоборливите докази, стана актулено прашањето како е,  луѓе мои, можно – случај што се водел скоро 5 годни со безбројни одлагања, развлекуван по сите можни и невозможни основи – кои, патем не се достапни за други осомничени лица , во некои други судски постапки, да според образложението на Апелација има “многу” повреди во постапката и да се врати на почетокот т.е на ПРАПОЧЕТОКОТ.

А, да не се намерно направени тие повреди – можеби ?

Да ти се плукнам во постапката и на вратоломните первезии врзани за процесната правда!

Затоа што примена на закон без да се раздаде при тоа и СУБСТАНТИВНА правда е АВТОРИТАРЕН ПРОЦЕДУРАЛИЗАМ, другарчиња. Сè уште применуван тука кај нас, за жал. Односно со закон, сè уште, и ден денешен, се овозможува етаблирање на РАДИКАЛНАТА НЕПРАВДА, или со Законот применет од страна на Судот, се овозможува пролонгирањето на репресијата!

Мили мои другарчиња, тука веќе нема место за прашања, туку има место само за дејствија.

И пак некој од поупорните ќе запраша: како е можно таа важна судска одлука да се објави со закаснување од 9 месеци? Ха ха ха, колку глупо прашање. Поглупо – здравје.

Можно е мили мои, затоа што владеењето на фамилијата не попусто беше наречето АВТОКРАТИЈА и не попусто по меѓународните стандарди за демократските капацитети не именуваа како “ЗАРОБЕНА ДРЖАВА”, или држава која го има проголтано целото социјално и политичко тквиво. Така, прво беше проголтана државата, а потоа по принципот ЈАС-СУМ-ДРЖАВАТА, Државата ја проголта и судската власт (покрај другите две власти).

И, повторно, пак некој ќе праша: каде е одговорноста на вклучените судии за кои знаеме кога и на кој начин биле избрани, па дури и како под РАКЕТЕН ПОГОН НАПРЕДУВАЛЕ ВО СТАТУСОТ, а за кои исто така знаеме во кои се не предмети турале од фамилијарните “зачини”.

И, сите нив ги знаеме, кои се тие судии и обвинители, кои свесно прават вакви играрии. Но, никому ништо – оти, судската власт е “НЕЗАВИСНА” нели. Не се коментирале судските одлуки ?! Се слушаат псикотници! “Жити мајка?!”

Па во правосудните органи се докажа дека сите пропишани демократски постапки за избор може да се сведат на аналогија: НА МАЈМУНИТЕ ДА ИМ СЕ ДАДЕ ПРАВО САМИ ДА ГО ГЛАСААТ ДИРЕКТОРОТ НА ЗОО. Да не беше ова проблем, американската амбасадорка немаше да реагира како што реагираше.

Правосудниот систем, со други зборови, таа трета гранка на власта, таа клучна гранка на власта – другарчиња не работи. Out of order е, мили мои.

Таа власт не е независна!

Но, деликатноста е во тоа што – таа не е независна затоа што извршната власт се меша во неа, туку, зато што сè уште е ПОД ОКУПАЦИЈА на инсталираната одамна мрежа, која успеа впрочем и ветингот да го одложи еве веќе 5-та година по ред.

И, за ваквите ли состојби, не смееле другите органи на власта да се мешаат?!

Алооооооо! Мрднати ли сте, што давате вакви изјави?

Па, не само што треба да се меша, туку органите на власта имаат одговорност да се вмешаат, тие, имено, мора и да дејствуваат. Органите за санкционирање мора да покажат одлучност во врска со ваквата неодговорност, неспособност и криминалитетот на конкретните поединци во правосудството. Исто како што со право забележа, Љупчо Поповски давајќи го примерот во својата колумна – за експресната постапка и притвор за потпретседателката на европскиот парламент.

Па, ајде да видиме сега, колку сме спремни вистински да имаме “европски” институции.

Што е ова лелекање? Какви се овие патоси Ве молам?

Најмногу ме загрижува што се нема осет за битноста на предметот на случајот Таргет Тврдина, и за битта на стореното кривично дело. Тој случај ги зафаќа сите сегменти на општеството, а особено што тоа е еден од клучните причини кој не уназади до точка на ИМПЛОЗИЈА. Потем и не доведе на раб на безбедносен конфликт (Кумановски инциденти). Безбедносните структури, во налетот на авторитаризмот впрочем беа препоплнети со слепи партиски послучници и онакви со сомнително минато, со дебели криминогени психо-структури и тие исто така, како и во правосудството сеуште работат , дејствуваат, и си играат играчки и во значитечна мера го онеспособуваат системот.

Разбирате ли за каква суб-системска спрега се работи тука, и каков е нејзиниот потенцијал на раздор и субверзија ? Или, можеби не?

Тука веќе не станува збор за про-партиско навивање – лево или десно, ниту пат станува збор за ситење кога некој е во невоља, или недајбоже, посакување некој да страда.

Тука станува збор за правда и за власта што таа правда по словото на Уставот, ќе треба да ја раздаде!

Но, другарчиња тоа не е можно се додека некој кој најдрско и најбезобразно го опљачкал народот, некој кој уништил илјадници семесјтва, некој кој ужива сè уште во својата немилосрдна алчност, некој кој ја злоупотребил УБК и направил од неа приватна фирма – да остане без одговорност, преку своите инсталации и преку манипулации со коруптивните судски извршителски умови, запишани во тевтерчето.

Ситемот несмее да биде насамарен од овие извршители, затоа потребно е да делува.

Итно и без исклучок!

Ана Чупеска

 

 

 

 

Back to top button
Close