СВИТКАНА РАКА

Американаците ќе помагаат да се борат против корупција граѓани кои молкум трпат изживување на неспособни и корумпирани власти од локално до највисоко државно ниво. Па сега уште тие исти неспособни и корумирани власти ги обвинуваат баш граѓаните дека се виновни за корупцијата. Дека граѓаните им ги виткаат рацете на функционерите и судиите за да земат мито. Преголем е притисокот од граѓаните за корумпирање на власта.

Не е до менталитетот. До функционирањето на системот е. Системот за борба против корупција е гнил. Ама не го расипале граѓаните. Го саботираат тие што треба да го направат функционален и да го одржуваат. Најлесно е да се каже дека граѓаните се корумпирани оти таков ни бил менталитетот. Баш така најлесно ги амнестираш главните виновници – локална и централна власт, комисии за тендери, управни и надзорни одбори, директори на јавни претпријатија и институции, судии од најнизок до највисок суд, обвинители, полиција, инспекции и ред други функционери од системот што треба да се направи „час поскоро“.

Еве, граѓанин си и сакаш да пријавиш корупција. Каде да пријавиш? И како ќе заврши пријавата? Со вакво судство поголеми ти се шансите тебе да те прогласат за кабает што си пријавил, отколку да се казни корумпираниот.

Како власта што нè убедува дека американскиот тим за санкции е голем успех, така и ВМРО-ДПМНЕ нè убедува дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не е вмровска кандидатка. На сите начини запнале да нè убедат дека Данела е со СДСМ. Па уште и „Тачела коалиција“ измислија.

Многу се вицкасти. А најсмешен им е вицот што бараат нивната кандидатка да даде оставка  – веднаш! Работава, ВМРО бара ВМРО веднаш да си даде оставка.

целата колумна на Горан Михајловски на СДК МК

Back to top button
Close