Телефонски измамена жена, со 240 илјади денари кои ги дала за лажна операција во дворот на велешката болница

Во СВР Велес вчера попладне  58-годишна жена од село во Општина Градско, пријавила дека била измамена за сума од 240.000 денари, откако претходно телефонски ја контактирале и лажно ја информирале дека ќерка и треба итно да се оперира со скршеница.

Според денешната информација од СВР Велес, едно лице ја контактирало жената телефонски,  и се претставило како лекар во Општа болница Велес и кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница.

Како што било  пријавено во СВР Велес, во дворот од болницата во Велес ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Велес

Back to top button
Close