Тешко повреден возач на мопед во скопски Аеродром

МВР информира дека синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Л.И.(32), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.И., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






