Трагедија во Кисела Вода: Жена паднала од зграда и загинала, малолетник се бори за живот

Вчеравечер околу 19.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Кисела Вода две лица (70- годишна жена и малолетник) паднале од висина (од зграда).

Жената починала на местото на настанот, а малолетникот е пренесен во Ургентен центар за укажување на помош.

Според очевидци, телото на жената завршило на оградата пред зградата, додека брзата помош го однела детето со тешки повреди во Ургентниот центар. Лекарите моментално се борат за неговиот живот, но состојбата е крајно критична.

Полицијата и противпожарните екипи веднаш пристигнаа на местото на несреќата, но причините за трагедијата сè уште се нејасни.

Не е познато дали детето било на балконот заедно со жената или паднало претходно.

– Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување на помош“, велат извори на МВР за Плусинфо.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР

Back to top button
Close