У17: Македонските фудбалерки со триумф над Словенија го отворија турнирот во Италија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години со победа стартуваше на силниот меѓународен турнир во Италија, откако денеска ја совлада Словенија со 3-2 (1-1).

Головите за Македонија ги постигнаа Грозданова во 18 минута, Галабовска (50) и Емини (85).

На спротивната страна Шрот ги постигната двата гола за Словенија, во 28 и 75 минута.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска на турнирот во Италија ќе одиграат контролни натпревари и против домашната репрезентација и селекцијата на Албанија.

Турнирот во Италија е во рамки на подготовките на македонската репрезентација до 17 години за ноемвриските евроквалификации против Литванија, Андора и Унгарија.

Домаќин на квалификацискиот турнир од 2 до 8 ноември ќе биде Унгарија.

 

Back to top button
Close