(ВИДЕО) Јакимовски: Кривичната од МВР е политички монтирана, а тие не ја познаваат материјата
Непријатно ми е да објаснувам дека водата е водлеста, воздухот е безбоен, а со оваа кривична пријава од Министерството за внатрешни работи ситуацијата е ваква, вели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во денешната прес-конференција каде истакна дека кривичната пријавапротив него и вработени во општината е политички прогон.
– Фершпед го има Александар палас, а Апександар палас има спортски терени кои ги користи 30 години. Што направила Општина Карпош? Ги легализирала спортските терени кои ги користи Александар палас 30 години. Она што е интересно е што законо вели „се легализира се она за што се издава одобрение за градба„. Спортските терени на Александар палас имаат издадено одобрение за градба 1999 година, од Влада на ВМРО-ДПМНЕ и еве ја комплетната скица. Друго битно е што овие објекти се сопственост на Александар палас или Фершпед, меѓутоа тоа се сопственост со незапишани права во катастарот бидејќи тогаш овие одобренија за градби не се запишувале во катастарот и практично луѓето имаат сопственост но таа не им е впишана во катастарот.
Одлучиле да ја впишат во катастар користејќи го Законот за легализација донесен во 2016 година и покренале постапка за легализација. Тогаш е платено комуналии за овие објекти и Општината сега повторно им наплаќа за легализацијата 170.000 евра комуналии. Она што е битно е што земјиштето не е државно туку дадено на користење од страна на државата повторно со надомест и од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
МВР тврди дека објектите се времени, јас морам да ви кажам дека слабо ја познаваат оваа материја, јас морам да ви кажам дека објектите ако се времени овде треба да стои „решение за поставување на времен објект“.
Кога ние предметите ги предаваме во Катастар предметот го гледаат геодет и правник, каде имаат обдлични правници и ако било каков предмет има проблем тие го враќаат. Град Скопје исто пресметува комуналии и ќе сигнализира доколку има проблем.
Јас и моите колеги тврдиме дека овде постапката е спроведена согласно сите законски прописи и ова е еден обичен обид политички пред локалните избори да ме нападнат мене како градоначалник, не моите колеги. Со мене реторички не можат да се справат затоа што и интелектуално и со знаење и со резултати од моето работење, најбитно јас ја сакам оваа работа и сум благодарен што граѓаните на Карпош ми ја дадоа по четврти пат довербата. Некоректно е да им се прават вакви стресови на колеги овде што работат за плата од 30.000 денари. Ние сакаме да седнеме со Обвинителството што побрзо да расчистиме околу овој предмет, а колегите инсистираат дека нема да работат на предмети додека не се расчисти ова, истакна Јакимовски.
Јакимовски праша дали не е чудно што од 83 општини во Македонија, само во Карпош има проблеми со легализација.
– Нема проблем во Охрид, Велес, Струга, Чаир, Гостивар, проблем е само Карпош. Овие луѓе од Карпош се обучувачи и тврдам дека се професионалци. Ова е управна постапка, не кривична постапка, вели Јакимовски.