(Видео) Израелската војска започна копнена операција во јужен Либан

Израелската армија (ИДФ) започна ограничени копнени операции во јужен Либан против милитантната група Хезболах и инфраструктурата лоцирани долж северната граница на Израел, објави утринава „Тајмс оф Израел“.

ИДФ утринава соопшти дека упадот почнал синоќа и дека целта била инфраструктурата на Хезболах во голем број либански села долж границата кои претставуваат закана за израелските градови.

 

На копнените трупи им помагале воздушни и артилериски сили, соопшти армијата, додавајќи дека операцијата се засновала на плановите изготвени од Генералштабот на ИДФ и Северната команда.

Потврдата дека израелските војници оперираат на либанската страна на границата дојде неколку часа откако на социјалните мрежи и во некои арапски медиуми се појавија спротивставени извештаи за тоа дали некои војници веќе ја преминале границата.

Либанските војници дополнително ги поттикнаа шпекулациите кога доцна во понеделникот се повлекоа околу пет километри од позициите долж границата.

Почетокот на копнената офанзива на ИДФ дојде околу две недели по засилените борби со Хезболах.

Цел на синоќешниот израелски напад во јужен Либан бил Мунир Макда, командант на либанскиот огранок на военото крило на палестинското движење Фатах, Бригадата на мачениците Ал Акса, соопштија двајца палестински безбедносни претставници, пренесе Ројтерс. Не се знае судбината на Мунир Макда.

Нападот на ИД погоди зграда во Аин ел Хилве, палестински бегалски камп во близина на јужниот либански град Сидон, рекоа изворите

Back to top button
Close