ВИДЕО: Метеоритски удар снимен од безбедносна камера во дом во Канада

По враќањето од вечерна прошетка, госпоѓа Лаура Кели и нејзиниот партнер нашле ѕвездеста сива прав на тротоарот пред нивната куќа во Маршфилд, на источната страна од Шарлотаун. Не знаејќи за што се работи, тие ја исчистиле правта и го исплакнале тротоарот. Но, откако го прегледале снимениот материјал од безбедносната камера,сфатиле дека материјалот може да е метеоритски.

Снимката била однесена на Универзитетот во Алберта, и потоа сопствениците биле советувани од страна на К. Херд дека материјалот веројатно е метеоритски. Потоа на 2 август 2024 година сопствениците собрале уште 16 грама материјал, а на 8 август 2024 уште 72 грама материјал од тревата покрај тротоарот, користејќи правосмукалка и магнет.

Видеото е достапно на следниот линк.

Снимениот материјал од камерата вклучува и звук и го регистрира ударот на карпата која се движи со голема брзина. Ударот на метеоритот формирал вдлабнатина на тротоарот со димензии приближно 2×2 см. Примерокот содржи репрезентативен материјал од сите три датуми на собирање.

Навистина е реткост и да се сними звукот на метеоритски пад, а и падот да се сними случајно на безбедносна камера.

 

Back to top button
Close