(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

Аеродромот во Сплит во релативно краток рок повторно е отворен за редовен воздушен сообраќај, по инцидентот при полетување на авион на „Кроација ерлајнс“ кој излета од пистата на пат кон Франкфурт.

Инцидентот се случил околу 13:10 часот, кога авионот Airbus A220-300 при полетување излетал од пистата и завршил на тревната површина покрај пистата. Во леталото се наоѓале 130 патници и петчлен екипаж, кои безбедно биле евакуирани.

– Advertisements –

 

Поради настанот, аеродромот бил привремено затворен, што предизвикало доцнења во летовите, но по интервенција на надлежните служби пистата повторно е ставена во функција околу 16 часот.

На социјалните мрежи се шири видео снимено со мобилен телефон на кое се гледа моментот на излетување на авионот од пистата на аеродромот во Сплит. Снимката, како што наведуваат локални медиуми, ја направил сплитскиот фотограф Еди Мештровиќ.

Back to top button
Close