(ВИДЕО) Параглајдерист за малку ќе повредеше мајка и дете на пешачката патека кај Студенчишта

Вистинска драма се случила на пешачката патека кај Студенчишта во Охрид, каде параглајдерист кој вршел комерцијални летови со туристи, за малку ќе повредел мајка и дете кои  се движеле по патеката.

Според видеото што го објави Оhrid1.com , параглајдеристот летал опасно ниско над пешачката зона, директно над луѓето кои се шетале покрај езерото. Во еден момент, тој за влакно ја промашува мајката која била со своето дете, по што удира во столб за улично осветлување и целосно го уништува.

Back to top button
Close