(Видео) „Приштина не молчи“ – студенти од Косово протестираат за правосуден на албански во Скопје


Студенти и граѓани од Косово денеска се приклучија на протестот во Скопје поврзан со барањата правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, јавува „Порталалб“.

Протестот се одржува кај Камениот мост, а учесниците носат албански знамиња и транспаренти со пораки „Prishtina nuk hesht“ („Приштина не молчи“), „Shqipja nuk hesht“ и „Kosova është me ju“. Од снимките, и на вториов протест нема македонски симболи, иако правата се бараат во Македонија.

На дел од транспарентите имаше и пораки поврзани со албанскиот јазик и правата, меѓу кои „Член 7“, „Еднаквост“ и „Права“.

Во објавите поврзани со протестот се наведува и дека полицијата запрела пет автобуси со студенти и граѓани кои тргнале од Куманово кон Скопје.

„Полицијата запре пет автобуси со студенти и граѓани кои тргнале од Куманово на протестот во Скопје. Образложението е банално“, објавија организаторите и студентите на социјалните мрежи, пренесе „Порталалб“.

Засега нема официјално соопштение од МВР во врска со тврдењата дека автобусите биле запрени. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close