(ВИДЕО) Приведенa директорката и уште двајца раководители во гостиварски „Комуналец“
Три лица кои се на раководни функции во ЈП Комуналец во Гостивар предмалку се приведени од страна полицијата. Информацијата ја потврдија од претпријатието и од локалната самоуправа.

Засега се знае дека полицијата ги привела директорката на претпријатието Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и одговорниот за водовод Вадедин Дервиши.
Според првичните информации, тоа направено по наредба на ОЈО Гостивар и се поврзува со состојбата на зголемен број на заболени во општина Гостивар.
На последната прес – конференција на здравствените власти беше кажано дека резулатите од анализита на водата во градскиот водовод ќе бидат доставени до истражните органи по што ќе се преземат мерки.






