ВИДЕО репортажа на BBC: Сиријците го слават падот на Асад. Но, дел се преплашени
Првото нешто што се слушнаа на улиците по падот на Башар ал Асад во Сирија е шкрипење на автомобили и громогласно пеење, пренесуваат новинарите на БИ-би-си.
На патот кон Дамаск сретнале расплакан чивек овек по име Хусен кој за Би-Би-Си кажал дека е поддржувач на претседателот Башар ал Асад и дека многу се плаши.
„Не знаеме ништо за тоа што ќе се случи внатре. Може да нѐ убијат, тоа е хаос. Секој што работел со режимот или војската вели дека ќе им дадат безбеден излез, но никој не знае. Ако тоа не е точно, ќе има последици“, рече Хусен, кој со семејството пристигнал на граничниот премин со Либан, но не носеле документи.
На улиците има сообраќај, но дуќаните се затворени. Луѓето на централниот плоштад Омајад, го слават крај на повеќе од петдецениското авторитарно владеење на режимот на Асад. Вооружени лица пукале во воздух, а имало и повредени.
Една постара жена плаче.
„Тиранинот падна, тиранинот падна!“. Многумина во нејзиното семејство умреле под власта на Асад, рече таа, некои во затвор.