Вилма и Анџела

Уште колкумина треба да се вработат да примаат плата, а да не доаѓаат на работа за да се реализира методологијата на министерот за јавна администрација Адмирим Алити, кој пресметал дека на државно треба да се вработат 31,5 проценти Албанци? Во пресметката ги ставил и Албанците од Македонија што на последниот попис се пријавиле дека живеат во странство.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека во пресметката треба да влезе само населението што живее во Македонија. Министерот вели дека во пресметката треба да се внесат и тие што се во странство, и непопишаните, и тие што го бојкотираа пописот. Нека работат во Швајцарија, а тука нека им тече пензиско. И после, оди прашај што направи Општина Арачиново со половина милион евра што ѝ ги даде Владата на Заев, онака, без никаков проект, да ѝ се најдат. Веднаш ќе те обвинат дека си македонски националист.

И кога ќе направиш споредба дека најслаба наплата на данок на имот има во Тетово (55%), Гостивар (40%), а најдобар процент на наплата имаат Велес и Ѓорче Петров со 97% и Кавадарци и Аеродром (95%), пак ќе те направат македонски националист.

Па уште и министерот за финансии Фатмир Бесими ќе смислува даночни реформи со зелен данок, ќе пресметува колку малку ќе се оданочувале каматите од штедните влогови и ќе пишува колумни со дефиниции за правично оданочување. Кај живее Бесими? Во која држава цели општини не можат да соберат ни 50 отсто од данокот, а цели енклави воопшто не плаќаат данок? Не станува збор за национализам.

Ова не е етничко прашање. Ова е прашање на џебот. За пари се работи. И кога власта вели: едно општество за сите, не значи дека државата треба да биде фер за сите, освен за тие што плаќаат данок.

Целата колумна на Горан Михајлоовскии на сдк мк

Back to top button
Close