Во Англија може да се укинат до 100.000 работни места во болници
Болниците во Англија би можеле да укинат повеќе од 100.000 работни места како дел од големата реорганизација и значително намалување на трошоците наредено од британскиот секретар за здравство и социјална заштита (ХНС), Вес Стритинг.
Џим Меки, извршен директор на НХС за Англија, рече дека 215-те фондови кои обезбедуваат здравствена заштита низ Англија треба да ги намалат нивните корпоративни трошоци, како што се човечки ресурси, финансии и комуникации, за 50 проценти до крајот на годината, пишува весникот Гардијан.
Доколку оваа мерка се примени на сите 215 фондови, тоа би можело да доведе до губење на работни места во опсег од 41.100 до 150.700, со оглед на тоа што тие вработуваат вкупно 1,37 милиони луѓе.
Метју Тејлор, главен извршен директор на Конфедерацијата на ХНС, предупреди дека од фондовите се бара да направат „неверојатни“ заштеди што може да ги остават неспособни да помогнат во намалувањето на долгите листи на чекање со кои се соочуваат пациентите низ Англија