Во Франција крст уби мало девојче за време на миса на Велигден

Шестгодишно девојче починало откако во неделата во градот Ансе и паднал на глава двометарски дрвен крст, дознава BFM Lyon.

Трагедијата се случила за време на велигденската миса, во напуштениот простор каде биле населени Роми. Малото девојче си играло во шаторот, каде имало крст, додека возрасните јаделе.

Откако била погодена од крстот, таа се здобила со сериозни повреди од кои подоцна починала во болница.

Полицијата отвори истрага за убиство од небрежност.

Истрагата продолжува за откривање на точните околности на оваа несреќа.

Back to top button
Close