Вучиќ: Сè што направи CNN против Трамп, ми прави и мене
Претседателот на Србија – Александар Вучиќ, им порача на Американците кои ги следат вестите за ситуацијата во Србија дека Си-Ен-Ен зборува против него на ист начин како што зборуваше против претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Драги мои пријатели од Соединетите Американски Држави, сè ќе разберете“, рече Вучиќ.
Александар Вучиќ во интервју за Washington Examiner изјави дека „вистината е на спротивната страна“ од она што го кажува CNN.
Ќе видите дека прават и кажуваат се против мене, исто како што рекоа против американскиот претседател Трамп, а потоа се ќе ви биде јасно“, рече претседателот Вучиќ, одговарајќи на прашањето што би сакал американските гледачи да знаат за Србија додека добива информации на социјалните мрежи.
На новинарско прашање што мисли дека демонстрантите сакаат во овој момент, Вучиќ рече дека демонстрантите уништиле 186 трактори.
„Единствената голема тепачка беше меѓу себе. Никој не им одговори, не сакавме никого да уапсиме. На крајот моравме да уапсиме 44 лица. Приведени се 13 лица бидејќи или биле пијани или предизвикувале насилство“ – посочи Вучиќ.
„Сакам да се фокусирам себеси и целата оваа држава на економијата и на нашата иднина, на многу демократски начин да ги решиме сите проблеми во Собранието, затоа што верувам дека покажавме колку се воздржавме од употреба на каква било сила. Многу сум среќен бидејќи вакви слики не гледате во Европа кога другите организираат немири“, рече претседателот на Србија.